СЗДМ бара минимум квалитет, а не минимална цена за CGM системи, глукометри и ленти за дијабетес

Следејќи ги активностите на надлежните институции и Владата на Македонија, за здарвство во реализација на годишните програми за справување со дијабетесот во државата за 2025 година, а во контекст на подготовките за нова набавка на системи за мерење на гликемија кај Лицата со дијабетес на инсулунска терапија, СЗДМ денес достави јавни барања до Христијан Мицкоски, претседател на Владата,Арбен Таравари, министер за здравство и Националната комисија за дијабетес за потребата од придржување на минимум квалитет по стандари на глукомери, ленти за мерење шеќер во крвта и CGM ситеми – сензори, за сите 40.000 лица со дијабетес на инулинска аптека, од кои 4.000 со Тип1 за кои бараме CGM – сензори.
Имено, оваа година ќе се распишува редовна јавна набавка за глукомери, ленти и сензори, за нив бараме главни минимални критериуми да се квалитет пропишпан по Европската агенција за лекови – ЕМА и усогласени со Американската агенција за лекови АДА. Исто така, бараме да се пропишат за главен критериум минимални стандарди а не минимална цена, согласно расположливоста на достапност на глукемри, ленти и сензори – системи, регистрирани во МАЛМЕД!
За нас, останува приоритетно барањето за трансформација на моделот за достапност на глукомери и ленти до секој пациент Тип 2 на инсулин во аптеките по „референтна цена“ без одлагање, согласно ЕУ правилата и намерите на Министерството за здрасвтво и Министерот за здравство уште оваа година, имајќи во предвид дека се работи за префрлање на надлежност кон ФЗОСМ со подзаконски акти, тоа да се спроведе најбрзо.
Нагласуваме, дека останувањето на истите правила за набавка на глукомери и ленти, како и досегашните набавки ќе ни донесат повторно и повторно најнеквалитетни глукомети и ленти, кои не се ни во производство, кои не се ни препознаени во овој регион, а за развиените земји да не коментираме! Да спречиме, беспотребни трошоци и загуби во здравствениот буџет со превенција од компликации заради неквалитетно и немање менаџирање на дијабетесот!