„Светот изгледа како совршено место“: Членовите на историската мисија „Спејс икс“ слетаа на Земјата (видео)
Екипажот на Polaris Dawn на „Спејс икс“ (SpaceX) се врати на Земјата по пет дена во орбитата, по историската мисија која ја вклучи првата приватна вселенска прошетка во историјата.
Капсулата Dragon се спушти во морето во близина на брегот на Флорида пред околу 40 минути, јавува ББЦ.
„Добредојдовте назад на Земјата“, објави SpaceX на X.
Splashdown of Dragon confirmed! Welcome back to Earth, @rookisaacman, @kiddpoteet, @Gillis_SarahE, @annawmenon pic.twitter.com/nILpMQh2sR
— SpaceX (@SpaceX) September 15, 2024
Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека мисијата претставува „голем чекор напред“ за комерцијалната вселенска индустрија.
Вчера, екипажот ја искористи сателитската мрежа SpaceX Starlink за да воспостави директна видео врска со Земјата.
Мисијата ја финансираше милијардерот Џаред Исакман. Нему му се придружија Скот Потет, пензиониран пилот на американските воздухопловни сили и вработените во SpaceX, Сара Гилис и Ана Менон. Исакман и Гилис се првата непрофесионална екипа која изведе вселенска прошетка, многу ризичен маневар кој вклучува излез од вселенско летало.
Dragon and the @PolarisProgram Polaris Dawn astronauts are set to return to Earth and splash down off the coast of Dry Tortugas, Florida on Sunday, September 15 at 3:36 a.m. ET → https://t.co/WpSw0gzeT0 pic.twitter.com/DzgsQtmvqT
— SpaceX (@SpaceX) September 14, 2024
Пред тоа, само астронаутите со вселенски агенции финансирани од владата можеа да го направат тоа.
Говорејќи на контролата на мисијата во Хоторн, Калифорнија за време на вселенската прошетка, Исакман рече: „Сите имаме многу обврски дома, но оттука светот изгледа како совршено место“.