Дополнителен сомнеж за интегритетот на судијата се јави откако медиумите објавија дека Ферати, додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправил оценките по право. Државниот просветен инспекторат уште минатата година утврди нерегуларности, по што беше отворена и предистрага од страна на скопското јавно обвинителство. Случајот првично беше откриен од Антикорупциската комисија во рамки на ревизија на факултети и дипломи со недоволен број кредити.

Од Обвинителството за,, Слободен печат,, велат дека за наводно „пречкртаните оценки“ што ги имал во своето досие на Државниот универзитет во Тетово,Обвинителството ја прибавило целосната документација за судијата од Правниот факултет при Државниот Универзитет Тетово, и таму ги нашле и пријавите за преполагање.