Судење за пожарот во дискотеката „Пулс“


Фото: Б. Грданоски

Во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200-те беа повредени.

На претходните рочишта сведоците на Обвинителството посочија на сериозни пропусти, недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата, но и дека Општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување.

На саботниот Марш за ангелите, родителите побараа да им бидат доставени токсиколошките анализи од обдукцијата. Во спротивно, најавија протест пред Институтот за судска медицина.