Суарез повторно во уругвајската репрезентација


Првпат по Светското фудбалско првенство во Катар кое се одржа во декември, уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (36) е повикан во националниот тим за мундијалските квалификации.

Најдобриот стрелец во историјата на уругвајската репрезентација доби повик од селекторот Марсело Биелса за претстојните два квалификациски натпревари против светскиот првак Аргентина и Боливија.

Познат под прекарот „Ел Пистолеро“, Суарез последен пат го облече уругвајскиот дрес на натпреварот против Гана на Светското првенство.

Биелса не го повикуваше на последните четири натпревари, но голгетерската форма на Суарез во бразилски Гремио го предомислија уругвајскиот селектор.

Суарез е најдобар стрелец во историјата на уругвајскиот национален тим со 68 голови, десет повеќе од Едисон Кавани на второто место.