Студија покажа која вакцина прави повеќе антитела – „Фајзер“ или „АстраЗенека“


Прво истражување на британските научници кое директно го споредуваше имуниот одговор кај вакцините на „Фајзер“ и на „АстраЗенека“ утврди слично ниво на антитела и нешто посилен одговор кога се во прашање Т келиите кај лицата кои ја примиле британската вакцина, соопштено е денеска.

Британските научници соопштија дека во студијата, која ја утврдувала разликата во имуниот одговор на вакцината „Фајзер“ и вакцината против Ковид-19 на „АстараЗенека“, утврдено е дека двете дале слична силна реакција во стварањето на антитела по примената на првата доза кај лица постари од 80 години.

Истражувањето исто така, открило дека важната компонента на имунолошкиот систем, позната на како Т келии, покажала посилен одговор кај оние кои ја добиле „АстраЗенека“ вакцината, за што научниците сметаат дека е податок кој треба да се проучи.