Студија: Евтин антидепресив може да ги ублажи симптомите на Ковид-19


Според новата студија, финансиски достапен, генерички антидепресив може да ги ублажи тешките симптоми на зараза со корона вирус, кај здравствено високоризичните лица.

Научниците, во текот на студијата, спорведена на повеќе од 1.500 заразени пациенти во Бразил, заклучија дека оние кои го земале лекот, познат како флувоксамин, имале помала веројатност дека ќе развијат тешки симптоми и ќе завршат во болница, пишува Си-ен-ен.

Флувоксаминот може да го намали нивото на воспалителните молекули цитокини

Флувоксаминот е селективен инхибитор за повторно складирање на серотонинот кој најчесто се користи за лекување опсесивно-компулсивни нарушувања и депресија, но може да има влијание и не воспалителните процеси, вели лекарката Ангела Рајерзен од Универзитетот Вашинготн.

„Флувоксаминот може да го намали производството на воспалителните молекули на цитокинот, кој може да предизвика инфекција со корона вирус, и да го намали нивото на тромбоцитите и да го спречи згрутчувањето на крвта3, додаде Рајерзен.

Таа и нејзините колеги на 741 дороволец со Ковид-19 му давале 100 мг флувоксамин два пати дневно во текот на 10 дена, а на други 756 учесници плацебо.

Меѓу пациентите кои добиле флувоксамин, околу 11 отсто биле хоспитализирани, во споредба со речиси 16 отсто од оние кои добиле плацебо.

Финансиски достапен лек

секако, потребно е понатамошно истражување за да се види дали може овој лек да се користи како третман за корона вирус, но ветува тоа што тој е финансиски достапен.

„Десетдневен третман со флувоксамин чини околу 4 долари. Со оглед на безбедноста, подносливоста, едноставноста на употребата, ниската цена и широката достапност на флувоксаминот, овие наоди би можеле да влијаат на националните и меѓународните насоки за клиничко лекување на Ковид-19“, напишаа научниците во својата стуидија.

Сродниот лек, прозак, исто така е евтин и уште повеќе достапен, па научниците сметаат дека би требало да се истражи дали моќе и тој да помогне при ублажување на симптомите од заразата со короан вирус.

Истражувањето е објавено во магазинот „Лансет глобал хелт“.