StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19


Владата ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19 и го овласти министерот за здравство, Венко Филипче, да го потпише договорот за донација помеѓу Друштвото за информатичка технологија „Некстсенс“ ДОО како давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата.

Користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните на Република Северна Македонија, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес-конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација.