Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост
Стопанската комора соопшти дека денеска во Женева ја добитнила наградата ISAR HONOURS на UNCTAD за 2026 година, поминувајќи ги сите сите филтри преку систем на одлучувачкото гласање за наградата. Со ова Комората добива интернационално признание за своите заложби за подигање на свесноста и имплементацијата на овие стандарди кај приватниот сектор.
Оваа награда има за цел да ја зголеми свесноста и да ја промовира размената на најдобрите меѓународни практики во областа на одржливоста и известувањето за целите на одржлив развој (SDGs), како неразделен дел од корпоративното нефинансиско известување на компаниите. Наградата е воведена во 2018 година, а досега номинирани биле околу 450 иницијативи од преку 60 земји во светот, кои потекнуваат од 6 разни географски региони во светот, велат од комората.
Од комората велат дека имаат направено повеќе работи во доменот на одржливите практики за компаниите и тоа: водич за декарбонизација (EIB), што е воведен за компаниите; формиран е Центар за циркуларна економија; провирањето на ESG стандарди, ISO стандарди, CBAM водич…
Комората и во изминатиот период е добитник на серија исклучително високи меѓународни признанија и награди, вклучително и Орденот на заслуги за Комората и Признание за претседателот Азески од претседателот на државата по повод сто годишнината на коморското делување, се вели во соопштението до медиумите.