Стоев: Данскиот бизнис е добро претставен во Бугарија


Бугарија– Данскиот бизнис е добро позициониран во Бугарија, но земјата треба да вложи натамошни напори за идните можности за развој на билатералните партнерства во зелената енергија, каде Данска има долгогодишно искуство, изјави бугарскиот технички министер за надворешни работи, Светлан Стоев, за време на прошталната посета нао амбасадорот на Данска во Софија, Сорен Јакобсен.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на данскиот амбасадор, 50 дански компании работат во Бугарија, од кои сите имаат бугарски државјани како управители.

Јакобсен истакна дека во моментот постои преориентација на данското производство од Азија кон Европа, а тоа се случува особено со Бугарија.

Бугарија и Данска годинава ја одбележуваат 90-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Амбасадорот Јакобсен беше примен и од привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, кој ја истакна важноста на Данска како важен партнер на Европската унија и сојузник на НАТО. Јанев побара продолжување на активниот политички дијалог на сите нивоа меѓу Бугарија и Холандија, како и проширување на економската соработка и деловните односи меѓу двете земји.