СТО: Голем пад на светска трговија – прашање е дали третиот квартал ќе биде подобар


Светската трговска организација (СТО) соопшти дека стоковата размена во вториот квартал од оваа година претрпела значителен пад како последица на пандемијата со КОВИД -19.

Во извештајот „Барометар на трговска размена“, СТО вели дека во вториот квартал имало пад на светската трговија од 14 проценти во однос на претходниот квартал, а 18,5 проценти во однос на истиот квартал минатата година, пренесува Анадолија.

СТО исто така наведува дека е неизвесно дали трговските трендови ќе се подобрат во третиот квартал од оваа година.

Експертите предупредуваат дека падот на трговијата би можел да биде придружен со крива на дијаграмот што потсетува на латиничната буква L, наместо вообичаената крива V, што покажува пад и повторно пораст на трендот.

На годишно ниво, трговијата се очекува да се намали за 13 отсто во однос на 2019 година.

Намалувањето на трговската размена е на граница на трендовите забележани за време на глобалната рецесија од 2007-09 година.