Стевчо Јакимовски тврди дека зборот му вреди, ќе ја става Македонија на прво место


Партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски порача денес дека  политичките партии во земјата се фокусирани на личните, бизнис и партиски интереси, а Македонија и македонските национални интереси секогаш биле на последно место. Исклучувајќи се себе од таквото политичко милје, од ГРОМ оценуваат дека е дерогирана и функцијата претседател на државата бидејќи се кандидираат партиски полтрони за неа. 

-Партиите ја дерогираа функцијата претседател на државата поставувајќи на таа престижна функција полтрони и партиски послушници кои строго ја следеа партиската директива заборавајќи ги националните интереси и интересите на граѓаните. Овие партии тргуваа со светото, менуваа и преговараа за име, знаме,историја, иденитет и јазик само за да дојдат и да се одржат на власт, да ги задржат своите фотељи газејќи по македонското национало достоинство.

Република Македонија заслужуваа претседател како Стевче Јакимовски кој ќе ја стави Македонија на прво место. На Македонија и е потребен претседател чиј збор вреди, човек кој не дава да се гази по достоинството на неговиот народ, човек кој целата своја политичка кариера ја поминал служејќи и на оваа држава и на македонскиот народ. На Македонија и е потребен човек кој нема страв, кој има идеја и кој е подготвен да води, на Република Македонија и е потребен човек како Стевче Јакимовски.Доста беше од лажни промени, и лажен избор пресликан во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, време е за трета опција, порачуваат од партијата на Стевчо Јакимовски.