Стела Макартни одликувана од Чарлс Трети за значаен придонес во одржливата мода
Англија– Модната креаторка Стела Макартни (51) во замокот Виндзор беше одликувана со специјално признание за придонес во одржливата мода од новокрунисаниот крал на Велика Британија Чарлс Трети.
Признанието кое што е познато како CBE (Commander of the Order of the British Empire) претставува едно од највисоките одликувања, покрај витешкото, што еден крал може да го додели.

Ќерката на легендарниот Пол Макартни за оваа посебна пригода носеше рачно скроен, тегет фустан, изработен од Nativa, обновлива волна.
Стела го комбинираше својот стајлинг со сатенски салонки и чанта, исто така од нејзината колекција на вегански материјали.
Освен ова признание модната дизајнерка се има закитено со уште едно одликување наречено Орден на Британското царство, којшто ѝ беше врачен директно од кралицата во 2013 година.
„Јас сум полуамериканка, но мојот бизнис е тука, мојот дом е тука, и во вакви моменти чувствувам дека е одлично да се биде Британец. Се чувствувам многу привилегирана што сум во позиција како основач на британската модна куќа и можам да бидам внимателна и свесна во одлуките што ги донесувам“, изјави Макартни.
Макартни уживаше во огромен број достигнувања во речиси три децении во модната индустрија, вклучувајќи го дизајнирањето на тоалетата на Меган Маркл што ја носеше на приемот по свадбата и олимписките комплети на Team GB во 2012 и 2016 година.
