Стефоска назначена за претседателка на комисијата за УНЕСКО
Министерката за култура Ирена Стефоска е назначена за претседателка на националната комисија за УНЕСКО.
– Владата донесе решение за измена и дополнување на решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура Ирена Стефоска – информира владата.
Таа е доктор на историски науки и досегашна претседателка на собраниската Комисија за култура. Родена на 16.9.1967 година во Скопје.