Сталоне во Хрватска ќе го прослави 73. роденден
Хрватска– Ѕвездата на акционите филмови Силвестер Сталоне со семејството пристигнал во Сплит, пренесува „Слободна Далмација“.
Семејството со авион од Венеција пристигнало на сплитскиот аеродром, а таму биле видени неговите ќерки, Систина Роус, Софија Роус и Скерлет Роус, и неговата сопруга Џенифер Флејвин.
Како што пренесува „Слободна Далмација“, успеал да се камуфлира и е префрлен на сплитскиот Западен брег, за обожавателите и новинарите да не го забележат. До Западниот брег со луксузни возила се префрлени и неговите ќерки и сопругата, откако со брод отпловиле на островот.
На Сталоне в сабота му е роденденот, па постои шанса 73-та година од животот да ја прослави токму во Хрватска.
Славниот актер има изнајмено луксузен брод кој ќе ги шета по островите, едни од најубавите во светот.