ССМ се закани со „стисната тупаница“ поради неизгласаната минимална плата


Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0%, зголемена цена на електрична енергија за 9,48%, зголемена цена на парно греењето за 14,05%…, порачаа со соопштение од  Сојузот на синдикати на Македонија, повикувајќи на крајот радикализација на нивната борба за работнички права.

„Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница. Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато…

Им „заблагодаруваме“ на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците!!!

Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници!

Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција!“, стои во пораката од ССМ.