Српските ученици една недела порано на распуст – се чека одлука од Владата


Постои можност распустот за сите ученици да започне во понеделник на 23 декември, седум дена порано од предвиденото во училишниот календар, дознава „Блиц“.

Како што пренесува српскиот портал, предлогот е веќе формулиран и се чека одлуката на Владата на Србија. Според тој предлог, второто полугодие ќе започне според планираното, на 20 јануари 2025 година.

Со оглед на тоа дека последните неколку седмици, студентите во цела Србија протестираа по несреќата во која загинаа 15 чуѓе по падот на настрешницата на Железничката станица во нови Сад, а ним им се придружија и средношколците, не може да не се претпостави дека распустот се планира да почне порано, со цел да се спречат протестите.

За ичениците во Војводина, инаку, распустот секако требаше да започне во вторник на 24 декември поради Божиќ според Грегоријанскиот календар. За учениците во остатокот од Србија, одморот требаше да започне на 30 декември и да заврши на 19 јануари.

Училишен календар за цела година
Оваа учебна година учениците во Србија требаше да имаат вкупно 40 неработни денови (вклучувајќи ги и викендите кои следат по распустот) од 1 септември до почетокот на летниот распуст, што е два дена помалку од училиштето 2023/24 година. Но, доколку Владата го одобри предлогот одморот да започне за три дена, тој одмор ќе биде продолжен.

Во текот на учебната година учениците имаат есенски, зимски, пролетен и летен распуст, како што е наведено во Правилникот за образовниот календар на основните училишта за учебната 2024/25 година.

Неделата на сеќавање и причест вклучена во календарот
Во училишниот календар беше вклучена и Неделата на сеќавање и единство, која годинава се одржа за прв пат, посветена на сеќавањата на двете масовни убиства – во основното училиште „Владислав Рибникар“ и во Дубона и Орашје, што се случија на 3 и 4 мај и 2023 година.