Српските студенти протестираат пред РТС – тука сме поради медиумскиот мрак
Студентските протести во Србија по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад не стивнуваат.
Во цела Србија вчера во 11:52 часот се одржа едноминутно молчење за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад.
При една ваква акција во Белград, една студентка беше тешко повредена откако на тротоар ја удрил автомобил. Како одговор на овој див чин синоќа се одржаа протести во Крагуевац, Ниш, Краљево и други градови.
Tišina koja odjekuje #NeDajNaStudente pic.twitter.com/MwrDKl8lBg
— CRTA (@CRTArs) January 17, 2025
Белградските студенти вечерва во 18 часот и 30 минути пред РТС одржуваат протест под слоганот „Наше право е да знаеме сè“.
„Тука сме поради медиумскиот мрак. Имаме јасна порака – јавноста има право да биде информирана за тоа што се случува во Србија“, вели студентката на Филозофскиот факултет.
Граѓаните и студентите носат транспаренти на кои пишува: „„Запалете светло да го разбиеме медиумскиот мрак“, „Градете затвори, нема да ве соберат сите“.
Вечерва три камери на РТС се на протестот, а меѓу студентите се симна и репортер, кој се вклули во главните вести. Разговараше и со еден учесник на протестите. На зградата се појави порака: „Работниците на РТС се со студентите“.
Граѓаните и студентите кои присуствуваат на протестите велат дека РТС треба да е јавен сервис, но во 60 дена воопшто не известувале што се случува на улиците во Србија, туку само нешто пренесено и она што власта го сервира.
Професорката на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Ана Мартиноли зборуваше за N1 за известувањето на РТС.
„РТС го узурпира концептот на јавен сервис. Ние немаме јавен сервис. Имаме медиум што ги злоупотребува јавните пари. Ова не е прашање само за Дневник 2, туку за целата програма на тој медиум“, рече Ана Мартиноли.