Српските спортисти ќе добијат огромна сума пари за медалите освоени на ЛОИ во Париз
Освојување на златниот медал на српските спортисти ќе им донесе премија по 200.000 евра, сребрениот ќе вреди 100.000 евра, додека бронзениот медал ќе донесе 60.000 евра. Станува збор за рекордни суми на пари во историјата на српскиот спорт, бидејќи за претходните Игри пред три години во Токио златото вредеше 70, среброто 60, а бронзата 50.000 евра. Србија во моментов има 109 сигурни спортисти кои ќе се натпреваруваат во Париз.
Колку за споредба, Македонија се уште нема ниту размислувано за премиите кои би ги добиле нашите спортисти кои евентуално би дошле до медал, што и не е изненадувачки со оглед што досега имаме само пет сигурни претставници за ЛОИ во Париз.