Српски Телеком плаќа 600 милиони евра за шест сезони на Премиер лигата

Државната компанија Телеком Србија ги купи правата за телевизискиот пренос на англиската Премиер лига на каналот Арена Спорт за 100 милиони евра по сезона, во следните шест години, што е речиси десет пати повеќе отколку што Спорт клуб порано плаќаше за тие права, дознава српската агенција Бета.
Изворот на агенццијата верува дека е „тешко да се замисли оти ваквите алокации може да се исплатат“.
Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, за агенцијата Бета изјави дека вредноста на договорот е „деловна тајна“.
Извор од Бета наведува дека правата за пренос на Премиер лигата за подрачјето на Германија, Австрија и Швајцарија се платени вкупно 25 милиони евра по сезона.
Тој додаде дека Премиер лигата не е подготвена да ги прифати понудените банкарски гаранции, затоа е потребно да се платат однапред 200 милиони евра.
Натпреварите во англиската Премиер лига од сезоната 2022/2023 ќе се емитуваат на телевизијата Арена спорт.
Договорот важи шест години, но во огласот не е наведена вредноста на зделката.
Премиер лигата ќе има присуство во регионот со преноси на сите 380 натпревари.
Натпреварите од Премиер лигата претходно беа емитувани на Спорт клуб, а тоа ќе биде и во претстојната сезона.