Српски синдикати од образованието повикаа на бојкот на второто полугодие
Во Србија денеска треба да почне второто полугодие во основните и средните училишта, но според синдикатите тоа нема да се случи во голем број школи во државата. Професори кои не се согласуваат со договорот меѓу репрезентативните образовни синдикати и српската влада најавија дека денеска на првиот ден од второто полугодие ќе ја прекинат работата во основните и средните училишта низ Србија, а најавен е и протест во Белград во 11 часот.
Вработените во училиштата кои најавија дека влегуваат во еднодневен прекин на работа како една од причините ја наведоа поддршката на студентските протести и барања.
Според податоците на Самостојниот синдикат на вработените во образованието во Србија, во повеќе од 35 проценти од училиштата мнозинството вработени одлучиле денеска да нема настава и дека тој број ќе се зголеми.
Тие вчера реагираа на српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходниот ден погрешно изјавил дека наставата ќе продолжи нормално в понеделник во 82 отсто од училиштата.
„Во овој момент, според податоците со кои располага Самостојниот синдикат на просветните работници во Србија, во повеќе од 35 проценти од училиштата мнозинството вработени одлучиле утре да нема настава, а декларацијата во училиштата продолжува и денеска, со тренд на значително зголемување на тој број“, соопштија синоќа од тој синдикат.
Десетици илјади студенти и граѓани вчера одржаа протести во градови во Србија под слоганот „Училишен час во последен час“, собири за поддршка на наставниците кои ќе престанат со работа денеска и покрај договорот меѓу репрезентативните синдикати и Владата на зголемување на платите. На собирот пред Министерството за образование во Белград, студентите вчера прочитаа писмо со поддршка до наставниците, предавачите и професорите, во кое ја истакнаа нивната поддршка дека нес е сами туку да ја имаат поддршката од сите млади.
Студентите на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ниш вчера објавија дека на пленум донеле одлука за целосно затворање на нивниот факултет поради „неможноста за соработка со деканатот“.
Митинзи за поддршка на студентските блокади во Србија се одржаа вчера во повеќе градови во странство, меѓу кои Њујорк, Мадрид, Лондон, Брисел, Барселона, Милано и Атина. На сите собири присуствуваа стотици граѓани.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ вчера рече дека училиштата мора да работат, а оние што не работат ќе бидат предмет на просветна инспекција додека министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека за политиката нема место во училиштата и дека прекршувањето на законот ќе резултира со санкции.