Српската полиција ѝ забрани влез во Србија на новинарската екипа на „Слободна Далмација“

Српската полиција ја запрела новинарската екипа на „Слободна Далмација“ на граница, ги тргнала настрана и им ги одзела документите, а откако утврдила дека се новинари, им забранила влез во Србија.
Добиле документ во кој се објаснува дека новинарите од Сплит претставуваат безбедносен ризик.
Неофицијално дознаваат дека белградскиот режим им забранил влез во Србија и на други новинарски екипи од Хрватска за да не можат да известуваат за утрешниот голем протест.