Средношколци од Риека му го спасија животот на непознат маж: „Нѐ учеа дека мора да помогнеме“
Во серијата застрашувачки, неверојатни вести за свирњепост на учениците кон своите соученици, со кои ги полниме порталите секојдневно, а пристигнуваат од земјите од цел Балкан, па и пошироко, оваа вест е освежувачка и позитивна.
Имено, Мартин, Роберт и Антео пред пет дена му го спасиле животот на непознат човек. Од собата на студентскиот дом во Риека, Мартин видел нозе како штрчат низ прозорецот.
„По 15-тина минути сфатив дека ситуацијата е сериозна затоа што нозете не се мрдаат и ги повикав колегите Анте и Роберт да одат да проверат што се случува. Поминуваше човек, застана и погледна и си замина, па се запрашав како некој може да си го дозволи тоа“, изјави за ТВ „Дневник Нова“ Мартин Милетовиќ, трета година во Сообраќајното училиште во Риека.
„Во селата нѐ учеа дека мораме да си помагаме“
17-годишниците повикале брза помош.
„Штом го видовме човекот, прво го затресевме за рамо, 5-6 пати прашавме дали е добро, дали нѐ слуша, не одговори, видовме дека крвари, земавме марамче, го ставивме на раната и го запревме крварењето“, изјави Роберт Калчиќ, ученик во трета година во Сообраќајното училиште во Риека.
Докторката која пристигнала на интервенцијата ја пофали нивната стручност и смиреност. Момците се од Горски Котар и Вепринац.
„Во селата, на пример, нè учеа дека мораме да си помагаме и сето тоа го донесовме од дома и секогаш сме подготвени да скокнеме на помош“, објасни Антео Чота, ученик во трета година во Сообраќајното училиште во Риека.
„Ако на овие деца им покажете љубов, тие ќе ве сакаат на ист начин“
Ги пофали и нивниот одделенски раководител.
„Ако покажете љубов кон овие деца, тие ќе ве сакаат на ист начин“, вели нивниот одделенски раководител Жељко Чакариќ за ТВ „Дневник Нова“.
Да потсетиме, во јануари три момчиња извлекоа 81-годишна старица од запален стан. Директорката на училиштето е горда.
„Ова е навистина доказ дека овие деца се многу благородни, имаат добрина, хуманост и на крајот знаење“, ги пофали Мира Жепина, директорка на Сообраќајното училиште во Риека.
За тоа беа симболично наградени во жупанијата. Без разлика на наградата и пофалбите, велат, би го повториле својот чин.