Србите објавија нова листа, Новак Ѓоковиќ е на осмото место, а Александар Вучиќ е број еден
Додека светот се прашува што и како планира да прави Новак Ѓоковиќ следно по неговата прерана елиминација во Индијан Велс, српски Блиц објави нова ранг листа. А Ѓоковиќ е само осми на неа.
Ајде, уште не се случило Новак да биде осми на АТП листата, но редакцијата на Блиц состави листа на најмоќни Срби, а Ѓоковиќ е на високото осмо место.
– Човекот кој во изминатата година стана персонификација на целиот спорт собори уште еден рекорд, за многумина недопирлив – ја сруши магичната граница од 400 недели на врвот на АТП листата. А што друго да се каже, кога Новак нема намера да престане? Во 2023 година, тој освои седум трофеи – три Грен слем, завршниот мастерс во Торино, Аделаида, Синсинати и Париз, завршувајќи ја годината на првото место по осми пат во кариерата. Тој е рекордер по бројот на грен слем титули, има 24, две повеќе од првиот следбеник Рафаел Надал. А меѓу останатите рекорди го држи и оној по број на мастер титули (40), првото место на крајот на годината (8), најмногу победи над играчите од топ 10 (257), најмногу бодови постигнат во една сезона (16.950)… најстариот број 1 листи на АТП на крајот на годината, најстариот шампион на завршниот мастерс… И којзнае уште колку важни или помали ставки во неговата книга на рекорди – пишува Блиц.
На прво место е српскиот претседател Александар Вучиќ, потоа поранешната премиерка Ана Брнабиќ и министерот за одбрана Милош Вучевиќ.