Србија вечерва избира претставник за Евросонг

По две полуфинални вечери, Србија вечерва избира претставник за Евросонг во мај во Торино, Италија. Македонската пејачка и актерка со кариера во Белград е во најтесниот круг.
Во финалето за претставник во Торино ќе се натпреваруваат 18 песни, а најдобрата песна ќе биде избрана со комбинација на гласови од стручно жири и СМС пораки, односно гласови од гледачите.
Тијана се претставува со песната „Љуби, љуби довека“, која е авторско дело на Леонтина Вукомановиќ.
„ГЛАСАЈТЕ ЗА 16. ВЕ САКАМ, МЕНЕ МИ Е СРЦЕТО ПОЛНО“ – НАПИША ТИЈАНА НА СВОЈОТ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.
Поддршка на Тијана, како и вообичаено, зад сцената беше нејзината сестра Тамара.
Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.
Македонија ја претставува Андреа со Circles, a Хрватска Миа Димшиќ со Guilty Pleasure.