Од земјите кандидатки за ЕУ само Србија не се усогласи со една ЕУ одлука


Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ја почитувала новата надворешнополитичка одлука за рестриктивни мерки поради кршење на човековите права, но ја почитувала одлуката за рестриктивни мерки против Исламската држава и Ал Каеда.

Како што соопшти денеска ЕУ, Србија не ја почитува одлуката усвоена од Советот на ЕУ на 18 февруари (ЗНБП) 2025/346, со која се дополнува списокот на поединци кои подлежат на рестриктивни мерки за сериозно кршење и злоупотреба на човековите права.

Сите други земји кандидати за членство во ЕУ од регионот на Западен Балкан, освен Србија – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина – се усогласија со новата одлука на Советот на ЕУ и ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со неа, а ЕУ „ја забележува и ја поздравува оваа посветеност“, се вели во соопштението.

Заедно со другите земји-кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, Србија ја почитуваше Одлуката на Советот на ЕУ од 18 февруари (ЗНБП) 2025/336 во врска со рестриктивните мерки против Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) и Ал Каеда и придружните поединци, групи и ентитети.