Србија регистрира 94 нови случаи од корона вирус, еден починат

Во последните 24 ласа, во Србија почина едно лице од последиците на корона вирусот, а заразени се нови 94 луѓе, два помалку од вчера.
Податоците се објавени на covid19.rs.
Вкупно до сега регистрирани се 12.616 на заразени од корона вирусот, а има 258 смртни случаи.
Процентот на смртност е 2,04 отсто.
Досега се тестирани 325.613, од кои 6.032 во последните 24 часа.
Активни се 589, а 17 лица се на респиратор.