Србија повторно повеќе од 2.000 новозаболени, починаа 11 пациенти

Во Србија во последните 24 часа забележани се 2.181 новозаразени со корона вирус, а починаа 11 пациенти.
Тестирани биле 12.480 примероци, а на респиратори се 57 пациенти.
Во болница има 2.125 луѓе со корона вирус.
Ос почетокот на епидемијата кај нашиот северен сосед починаа 861 пациент од последиците од Ковид-19, а процентот на смртност е 1,55 отсто.
Во Србија досега се тестирани 1.388.716 лица, а Ковид-19 е потврден кај 55.676.