Спотот на Мајли Сајрус за „Flowers“ е снимен во легендарна куќа, еве кој цела деценија живеел таму
Лос Анџелес- Прекрасниот имот во населбата Чатсворт во Лос Анџелес – со магичен поглед од ридот и големи прозорци е локација за снимање на тони продукции, вклучително и спотот за песната „Цвеќиња“ на Мајли Сајрус кој е најголем хит во моментот и заради песната и заради спотот.
Тој историски дом, познат како Куќата Фаралоне, се наоѓа на улицата Фаралоне 9361 и е изграден од познатиот архитект Вилијам Переира, чие портфолио го вклучува и хотелот Дизниленд во Анахајм, Калифорнија и аеродромот ЛАКС. Според Лос Анџелес Тајмс, куќата била изградена во 1951 година за банкарската наследничка Дора Хачинсон, а подоцна станала дом на Френк Синатра една деценија – што ја прави уште полегендарна.
Еднокатната куќа, има четири спални соби и шест бањи на повеќе од 8.000 квадратни метри. Внатре, варосаните ентериери се обложени со дрвени површини, повеќе камини и бујна планинска глетка надвор од стаклени ѕидови од 16 метри. Со поглед на природниот резерват Чатсворт, имотот на врвот на ридот доаѓа со базен од 50 метри, куќа за гости, пергола за одмор покрај базенот, теретана и соба за масажа – сето тоа се наоѓа на терен од 14 хектари, според Sotheby’s International Realty. И покрај сето тоа, има доволно простор за „коњанички објекти, лозје, дополнителни резиденции и други креативни доградби и проширувања“, а паркинг местата можат да сместат до 200 автомобили за големи забави, забележа компанијата за недвижнини. Во август 2021 година, имотот беше наведен за 21,5 милиони долари.