„Спотифај“ деновиве достапен и во Македонија?
Еден од најпопуларните музички стриминг сервиси „Спотифај“ би можел да пристигне во земјите од регионот веќе за неколку дена, пишува СЕЕбиз.
Порталот се повикува на Адријан Јашари, тим лидер на албанскиот проект „Јуроп хаус“, кој на неговиот Твитер налог објавил дека „Спотифај“ веќе на 15 јули ќе заживее во Хрватска, Србија, Словенија, Косово, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.
Со оглед дека Јашари вели дека „Спотифај“ ова му го потврдил на нивниот „дистрибутивен партнер“, од каде што ја добил информацијата, би требало да се остави и малку резерва, пишува порталот. Сепак, како што најавил тој во неговиот твит, наредните денови би требало да биде објавено службено соопштение.