Специјалниот пратеник на Трамп за Украина ја одложи посетата на Киев


Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха изјави дека е откажана посетата на специјалниот пратеник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за Украина и Русија.

Планирано беше пензионираниот генерал Кит Келог да ја посети Украина. Тој долго време беше главен советник на Трамп за одбрана.

– Уверен сум дека состанокот ќе се одржи во свое време, наведе Сибиха, без да прецизира кога ќе биде реализрана посетата на Келог на Украина.