СП 2026: Турскиот селектор порача дека неговите играчи покажале срце
Репрезентацијата на Турција е единствената досега на Светското првенство што и покрај победа го завршија настапот. Во дуелот од 3.коло го совладаа домаќинот САД со 3:2.
Очигледно дека беше многу тешка недела за сите нас, а некои потрошија можеби малку повеќе ментална енергија. Можам да кажам дека сум пресреќен за момците, кои покажаа дека имаат срце. Без упорност и срце, сигурно немаше да успееме да го победиме противникот. Затоа, среќен сум за момците, среќен за претседателот и среќен за турскиот народ. Знам дека е ладна утеха, но немаме за што да се прекоруваме; се враќаме дома со чест, со кренати глави. Тоа е фудбал; понекогаш мора да ги прифатите и спортските неправди. Боли, навистина боли, изјави Винченцо Монтела на прес конференцијата.
Турција покрај победа над САД во првите две кола од Парагвај (0:1) и Австралија (0:2). Турскиот тим го освои последното место во групата.