СП 2026: Три фаворити пред првото нок-аут искушение


На Светското првенство денеска на програмата се три натпревари, на кои настапуваат два поранешни светски шампиони и еден финалист на мундијалите. Воедно ова за трите селекции кои ја имаат улогата е првото искушение во дуелите од нок аут фаза. Трите селекции во групните натпревари остварија по две победи и го искористија правото на „кикс“.

Бразил во Хјустон за противник ја има Јапонија, која пак во групната фаза одигра нерешено со Холандија. „Кариоките“ одиграа нерешено со Мароко 1:1, но двете победи над Хаити и Шкотска им го донесе првото место во групата. Јапонците покрај ремито со Холандија, нерешено одиграа и со Шведска, но и победија со Тунис.

Германија во Бостон ќе игра против Парагвај, а единствениот пораз на Мундијалот го претрпе од јужноамериканска репрезентација Еквадор, додека победи против Курасао и Брегот на Слоновата коска. Парагвај направи изненадување со Турција и така го „компензираше“ поразот од САД, додека во последното коло одигра нерешено „мирољубиво“ со Австралија.

Можеби најнеизвесен се очекува да биде дуелот меѓу Холандија и Мароко што ќе се игра во Монтереј. Холандија по ремито на стартот со Јапонија, ги совлада Тунис и Шведска што беше доволно за прво место во групата, но ривалот Мароко одигра нерешено со Бразил и постигна две победи против Хаити и Шкотска.

Распоред на натпреварите:

Бразил – Јапонија (почеток 19 часот)

Германија – Парагвај (почеток 22 часот)

Холандија – Мароко (почеток 03 часот)