СП 2026: По еден пораз селекторот на Тунис доби отказ
Фудбалската федерација на Тунис донесе одлука по само еден пораз на Светското првенство да го смени селекторот Сабри Ламуши. Тунис ноќеска загуби убедливо со 5:1 од Шведска, а високиот пораз беше причината за отказот. Ламуши е првиот селектор што доби отказ.
Селекторот Ламуши беше само пет натпревари на клупата на Тунис, а ова за туниската репрезентација беше еден од најубедливите порази на големите натпреварувања.
Набрзо ќе се знае кој ќе го наследи на клупата, а меѓу кандидатите се: Вахби Казри и Мондер Кебаер, кој беше на оваа позиција за време на Светското првенство во 2022 година.
Тунис следниот натпревар на Мундијалот ќе го игра на 20.јуни против Јапонија. Проблемот за оваа репрезентација сега не е само убедливиот пораз, туку наоѓање решение и за позицијата селектор, дали да биде привремено или постојано.