СП 2026: Белгија со голем пресврт го совлада Сенегал и избори осминафинале


Сиетл – Фудбалерите на Белгија беа на работ на елиминација од Светското првенство, но на крајот од драматичната битка во Сиетл успеаја да се пласираат во осминафиналето совладувајќи го по продолженија Сенегал со 3-2, 2-2 (0-1).

Сенегал поведе во 24. минута со голот на Хабиб Диара, a во 51. минута го удвои водството со прекрасен гол на Исмаил Сар.

До 86. минута, Сенегалците лесно ја одржуваа својата предност, а потоа Белгија се врати во натпреварот.

Ромелу Лукаку го намали дефицитот во 86. минута, додека три минути подоцна Јури Тилеманс постигна гол за 2-2 и го однесе натпреварот во продолжение.

До самиот крај на второто продолжение беше 2-2, кога потоа Тилеманс беше прецизен од белата точка во 125. минута комплетирајќи го големиот пресврт на Белгија.