СП 2022: Вакцинирањето против Ковид – 19 нема да е задолжително за фудбалските навивачи 


 

Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително за фудбалските навивачи на претстојното Светско првенство во Катар, но сите посетители ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид – 19, соопштија денеска катарската Влада и Врховниот организациски комитет. 

Луѓето кои ќе дојдат во Катар немаат обврска да престојуваат во карантин, без разлика на вакциналниот статус и земјата од која доаѓаат, објавија организаторите. 

Сепак, сите фудбалски навивачи постари од шест години на аеродромите пред заминувањето за Катар ќе мораат да приложат негативен резултат на Ковид – 19, не постар од 48 часови пред полетувањето за ПЦР тест и не постар од 24 часови за антигенски тест. 

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, а организаторите очекуваат во земјата да влезат над 2.5 милиони навивачи од целиот свет.