„Венчавка за умирање“ : Џенифер Лопез во златна тоалета за свадбата со Џош Духамел
САД– Џенифер Лопез ја слави премиерата на нејзиниот најнов филм на тема свадба во златна боја!
53-годишната ѕвезда присуствуваше на премиерата во Лос Анџелес за филмот „Венчавка за умирање“ (Sotgun Wedding“) облечена во проѕирен фустан во нјуд боја од „Валентино“, украсен со соодветни златни кристали.
Долгата тоалета беше во центарот на вниманието додека Лопез позираше на црвениот тепих, облечена во фустанот со залижана коса во висока пунџа и со преголеми обетки.

Продуцирана од Лопез и Рајан Рејнолдс (46), „Венчавка за умирање“ е романтична комедија што ја следи Лопез, заедно со Џош Духамел (50), додека ги собираат своите семејства на дестинација за свадба. Според неговата најава, бидејќи церемонијата на соништата почнува да се распаѓа кога ќе им се заладат по пристигнувањето на локацијата, парот се принудени да се соберат за да ги спасат своите семејства од опасна заложничка ситуација.
Во актерската екипа се и Џенифер Кулиџ, Соња Брага, Чич Марин, Селена Тан, Д’Арси Карден, Кали Хернандез, Дезмин Борхес, Стив Култер и Лени Кравиц.