Состанок на премиерите на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан


Чешка – Во Прага денеска се одржува состанок на премиерите на Вишеградската група и на Западен Балкан, чиј домаќин е чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Станува збор за прва средба на претседателите на владите на земјите од Вишеградската група – Чешка, Полска, Словачка и Унгарија со премиерите на земјите од Западен Балкан.

Тема на состанокот ќе биде јакнење на севкупната политичка и економска соработка меѓу двата региона, а посебен фокус ќе биде ставен на прашањата од областа на инфраструктурата, образованието, финансиската стабилност и климатските промени.

Чешка, како претседавач со Вишеградската четворка, како еден од приоритетите за време на нејзиниот мандат го наведе промовирањето на пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија.