Сопругата на Блер го советува Косово

Владата на Косово платила на компанијата на сопругата на Тони Блер, Шери Блер, 500.000 евра за правно советување во врска со Специјалниот суд, тврдат од приштинската телевизија T7.
Иако, договорите на Владата на Косово со меѓународни компании се доверливи, косовскиот министер за правда Абељард Тахири, потврдил за T7 дека Владата на косово добива советодавни услуги за тоа како да се однесува кон Србија во овој процес, пренесоа приштинската „Газета Експрес3 и „КоССев“.
Покрај тоа, Косово има советници и во врска со документите и правилата на работа на Специјалниот суд.