Сообраќајот на патот Демир Капија-Смоквица ќе биде пренасочуван, а во обратен правец ќе биде во прекин поради реконструкција


На автопатот А1, на делницата Демир Капија – Смоквица, поточно кај вториот тунел (Т2) во близина на местото “Јаворица”, сообраќајот ќе биде пренасочен со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација поради реконструкција на патот.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Смоквица – Демир Капија, ќе биде во прекин за сите патнички и товарни моторни возила.