Софија официјално ги предложи Екатерина Захариева и Јулијан Попов за еврокомесари


 

Техничката влада во Софија ги предложи Екатерина Захариева и Јулијан Попов за бугарски еврокомесар во новиот состав на Европската комисија. Ова го одлучи преодната влада на денешната седница, соопшти владината прес-служба.

Захариева беше предложена од ГЕРБ, а Попов од коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија. Сега останува на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да одлучи за кој кандидат ќе се определи. Лајен сака да има родово изедначена комисија, но во досефгашните предлози за еврокомесари има забележително помалку жени.

Екатерина Захариева е еден од главните архитекти на бугарското вето за Македонија во времето кога беше министерка за надворешни работи. Сега е пратеник и останува меѓу најдоверливите сојузници на лидерот на ГЕРБ, Бојхко Борисов.

Јулијан Попов беше министер за екологија во коалициската ротациона влада Николај Денков/Марија Габриел.

Претседателот на Бугарија Румен Радев синоќа го повика кабинетот да предложи две жени, бидејќи маж, наводно, немал шанси да биде избран од Лајен.