Софија без урбана мафија, 52 отсто од градот е зелена територија


Дури 52 отсто од територијата на Софија е зеленило, според заменик-градоначалничката за екологија на Софија, Десислава Билева.

Таа  истакна дека општината прави многу, но испаѓа дека е главен трудот на луѓето кои
ги чуваат зелените површини во позадина.

„Годинава планиравме да им угодиме на граѓаните на Софија и таму каде што немаше цвекиња, да насадиме. Планираме да го прошириме појасот на Ботевградско шосе“, најави таа. Според неа многу од европските метрополи им завидуваат на фактот дека централниот дел на градот е многу зелен, а тоа придонесува за чист воздух.

Билева рече исто така дека ефектот на урбаниот топлински остров сепак ја намалува зелената
инфраструктура. Во 2019 година бил снимен градот и биле идентификувани топлинските острови и потоплите зони, по што биле направени девет иновативни проекти, чија имплементација била насочена кон ограничување на ефектот на овие острови. Наскоро во овие области треба да се реализираат пет нови проекти.