Социјалистите ги оцрнија како „ретроградни структури“ оние што не биле „повторно горди“


 

Почна оцрнувањето на оние што мислат поинаку.

Социјалистичката партија на Македонија ги нарече „ретроградни“ структури оние што последниве денови пишуваат дека Република Северна Македонија е уставното име на државата по настанот со заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. И дека во изминативе седум години овие „структури“ се раководела од „омраза кон сопствениот народ“.

Социјалистичката партија во соопштението пишува дека „воопшто не е изненадена од написите и изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно инсистирање на придавката ‘северна’. Дотолку повеќе што секој, па и македонската претседателка, мора да се изјаснува како што сака.

Опачината на македонското општество и ретроградните структури и понатаму си земаат за право да зборуваат за македонските интереси иако токму тие во претходниот седумгодишен мрак дестина пати ги предадоа раководејќи се од омразата кон сопствениот народ.

Овие ликови кои ја трошат последната парична милостина како да не ја сфатија изборната порака од народот која е кристално јасна и чиста дека само Македонија е историското име на државата која станува повторно горда. Но, тие работеа и продолжуваат да работат против сопствената држава и народ кој очигледно ги отфрла.

Народот со изборите го покажа правиот и вистинскиот пат што го сака за државата во која ќе ги остварува своите идентитетски обележја, без некој да му наметнува други решенија со притисок“, велат социјалистите во соопштението.