Сочувство од МНР на Турција до Северна Македонија и Бугарија за сообраќајната несреќа и пожарот за стари лица


Министерството за надворешни работи на Република Турција изрази сочуство до Владите и народите на Бугарија и Северна Македонија за загинатите во пожарот што избувна во домот за стари лица во Варна на 22 ноември 2021 година и во сообраќајната несреќа на автобусот со македонски регистарски ознаки, што се случи ноќеска во близина на бугарскиот град Перник.

– Изразуваме сочуство до Владите и народите на Бугарија и Северна Македонија за загинатите во овие болни несреќи, и на повредените им посакуваме закрепнување во најскоро време, стои во соопштението од МНР на Република Турција