„Собраа 35 милиони за бегалците“: Зеленски им се заблагодари на Ештон Качер и Мила Кунис


Украина– Украинскиот претседател во својата вообичаена ноќна видео-порака емитувана преку социјалните мрежи им се заблагодари на холивудските актери Мила Кунис и Ештон Качер: „Собраа 35 милиони за бегалците“.

Мила Кунис, инаку, е родена во Черновци, Украина, 1983 година, но нејзиното семејство се преселило во САД во 1991 година. Двојката претходно рече дека самите тие ќе издвојат три милиони долари од своите парични средства за фондот.  

„Ѕвездена двојка – така ги дефинираше Зеленски – кои искрено веруваат во нас, во нашата победа, во нашата иднина. Тие им помагаат на украинските внатрешно раселени лица со собирање средства. Им се заблагодарувам во име на нашиот народ, во име на сите нас“.