Собира пари за да го прати пријателот, кој верува дека Земјата е рамна, во вселената
На Марк Галдо му здодеало да ги слуша своите пријатели како тврдат дека Земјата е рамна плоча, па реши да ги прати во веселената за да го докажат своето тврдење.
Тие постојано зборувале дека астронаутите се платени актери, па оваа интересна идеја му паднала на памет на нивниот пријател.
„Имам неколку пријатели рамноземјаши и ме излудуваат глупостите кои ги зборуваат. Одлучив да им дадам шанса да ги докажат своите тврдења, а единствен начин тоа да го спроведам е да пратам еден од нив во вселената“, вели Галдо (37).
Тој планира својот план да го оствари преку „crowdfunding”, кампања за собирање пари со одредена цел, а во овој случај да му плати лет во вселената на еден свој пријател, со „Сепјс икс“, „Вирџин галактика“ или која и да е друга компанија која нуди нешто такво и ако и кога парите ќе бидат собрани, пишува Унилад.
Во моментот, за такво нешто му требаат 250.000 фунти за карта за вселенски брод, а бидејќи на рамноземјашите им се нуди шанса да ја докажат својата убеденост, верува дека токму тие треба да бидат најголеми спонзори.