Со турска помош ќе се осветлува Камениот мост во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Турската Општина Есенлер и раководството на Халкбанк АД Скопје, денеска се сретнаа со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски при што беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.

Проектот предвидува поставување современо LED осветлување кое ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики на мостот, со цел да се истакне неговата историска и културна вредност.

Со новото осветлување, Камениот мост кој е еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие нова естетска димензија и дополнително ќе го збогати ноќниот изглед на градот, сметаат од Град Скопје.