Со огромна торта во облик на дворецот Хогвортс одбележана 20 годишнината на Хари Потер


Торта направена во облик на дворецот Хогвортс изложена е во рамки на прославата на 20 годишнината од премиерата на првиот филм за јунакот Хари потер.

Тортата е широка 186, висока 152 cm и тешка 100 кг, а претставена е во Ливсден во Ватфорд каде е снимен поголемиот дел од франшизата.

За правење на тортата биле потребно 320 часови, а направена е од вегански состојки. Донирана е на добротворната организација „One Vision“, која се бори против гладта.

Основачот на организацијата Енох Канагарај рече дека парче од тортата ќе добијат клучните работници и корисници на услугите на „One Vision“.

Тортата ја направи уметничката и скулпотрка на торти Мишел Вибово.