Со колачиња и шампањско Бугарија и Романија на мост на Дунав го прославија влегувањето во Шенген
Министрите за внатрешни работи на Бугарија и Романија на полноќ симболично ја подигнаа граничната бариера на „Мост Дунав“ кај Русе-Ѓургево, означувајќи го целосното прифаќање на двете земји во Шенген.
Со здравици и шампањско на граничниот премин беше прославен влезот на двете земји во Шенген. Подрачната управа во Русе на првите 1.000 патници кои ја поминаа границата им подели колачиња со натпис „БГ-РО Шенген“.
На територијата на граничниот премин од бугарска страна, општина Русе постави и посебен билборд на кој беа испишани зборовите: „Рака за рака, срце до срце: Бугарија и Романија заедно во Шенген“. Текстот е на бугарски и романски јазик, а покрај него од двете страни се поставени знамињата на двете земји и на Европската унија.
„За мене е екстремно задоволство, одговорност и привилегија да бидам со вас денес. Работиме со вас повеќе од 17 години за да ја постигнеме оваа цел. Поминавме низ многу предизвици, но успеавме, па денес можеме да честитаме самите на успех“, рече бугарскиот министер за внатрешни работи Атанас Илков.
Тој истакна дека за двете земји ова е историски успех кој е постигнат поради довербата што ја имале една во друга низ годините.
Илков му се заблагодари на својот романски колега Кутлин Предоју за поканата да бидат заедно на граничниот премин денеска, како и за напорите што се вложени за да се постигне „оваа негувана цел“.
Бугарскиот министер за внатрешни работи им се заблагодари на бугарските и романските функционери во министерствата за внатрешни работи за нивните напори во последните години.
„Бугарија и Романија завршија проект кој е важен не само за двете земји, туку и за Европа“, рече Катлин Предоју. Тој додаде дека моментот е историски и го заслужува своето политичко значење.
„Ова е исклучително важен момент за економијата и граѓаните на двете земји, додаде Предоју.
Што се менува?
Досега на задолжителен преглед од страна на граничните власти беа подложени на задолжителен преглед сите луѓе и возила кои минуваа низ пунктот „Мост Дунав“.
Од 1 јануари на полноќ автомобилите кои патуваат кон Еоманија ќе плаќаат патарина за мостот на бугарска страна, а на романска страна мал дел од нив ќе бидат предмет на гранична контрола со методот на „анализа на ризик“.
Прописите за поминување во спротивна насока ќе бидат обратни.