Со Илина не сме веќе заедно, вели Игор Џамбазов
Неговиот нов мал рај е селото Стрезовце, во близина на Куманово, каде што претстојува во моментов. Во брвнарата во која ги поминува деновите, Игор Џамбазов вели дека се вљубил на прв поглед, како и во целата околина во која во наоѓа својот мир. За жал, Игор веќе не е со неговата голема љубов, алпинистката и уметник Илина Арсова. За крајот на нивната љубов, Игор за првпат зборува во „Слободен печат“, и вели дека виновник едноставно не постои.